Од шега до реалност – Tesla продава текила и веќе е распродадена

164

Илон Маск е човек со многу таленти, а има и замешано прсти во многу бизниси – од електрични возила до копање тунели, вселенски летала, а неговиот последен подвиг е производство на текила.

Само неколку часа откако извршниот директор на Tesla, Илон Маск го објави новиот производ на неговата компанија, Тесла Текила (Teslaquila), тој веќе бил распродаден.

Тоа му успеало и покрај високата цена од 250 долари за шише и фактот дека е достапна само во одбрани американски држави, пишува Mashable.

Целата идеја за текилата се роди во 2018 година како дел од шега за 1 aприл, кога Маск на својот Twitter профил објавил дека Tesla ќе банкротира. Тогаш Маск објавил фотографија од него како седи онесвестен потпрен на Тесла модел 3 и опкружен со шишиња на кои пишува Teslaquila.

Фото: Тesla