Од следниот месец почнува унифицирање на дуќаните во Старата скопска чаршија

17

Од први октомври ќе почне процесот на унифицирање на излозите на дуќаните во Старата скопска чаршија, најави денеска министерот за економија Беким Незири по средбите со здруженијата на занаетчиите и на пазарџиите, пишува Миа.

За годинава е предвидено да бидат унифицирани 60-тина дуќани во еден дел од чаршијата.

“Министерството за економија има обезбедено околу 400.000 евра и веќе од октомври активно ќе започне унифицирањето на излозите во Старата скопска чаршија. Апликациите не се поднесени затоа што проектот прво мора да се одобри од Конзерваторскиот центар и од Министерството за култура“, рече министерот Незири.

Тој информира дека веќе е објавен повик за тоа како треба да изгледаат излозите што ќе биде субенционирано од државата.