Од утре ќе започне исплатата на парите од скенираните сметки од Викенд без ДДВ

56
Управата за јавни приходи ги достави налозите за повратот на ДДВ на граѓаните од мерката Викенд без ДДВ, а исплатата ќе се врши од утре.
На сметките на оние што скенираат фискални сметки и направија промет во Викендот без ДДВ ќе легнат над 66 милиони денари. Од Управата за јавни приходи за МИА информираат дека парите на граѓаните ќе бидат вратени за два дена, односно повратот од ДДВ ќе го добијат утре или задутре на своите сметки.
Мерката Викенд без ДДВ е дел од четвртиот сет антикризни мерки кои се во вредност од 470 милиони евра, а целта да се придонесе за намалување на ефектите од ковид-кризата и да се поддржат граѓаните и стопанството. Се реализираше на 10,11 и 12 октомври 2020 година и предвидуваше поврат на целиот износ на платениот ДДВ за купени македонски производи и услуги, како и компјутерска опрема.