Одложен годишниот состанок на двете најголеми финансиски институции за 2022 година

17

Годишниот состанок на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) којшто требаше да се одржи во октомври во Маракеш 2021 година е одложен за 2022 година, поради пандемијата со Ковид-19, соопштија мароканската влада и двете меѓународни финансиски институции.

Годишните состаноци обично се одржуваат две последователни години во седиштето на Светска банка и ММФ во Вашингтон, а потоа трета година во една од земјите членки. Поради пандемијата, годишните состаноци на Светска банка и ММФ беа виртуелни во април и октомври оваа година.

Сè уште не е донесена одлука дали пролетната сесија во 2021 година ќе се одржи со физичко присуство или преку Интернет. На состаноците обично се собираат 1.000 учесници, вклучувајќи министри за финансии, гувернери на централни банки, деловни луѓе од приватниот сектор, претставници на граѓанското општество, медиуми и академска заедница.

Фото: Pixabay