Одрон на патниот правец Скопје – Велес

15

На патниот правец Скопје – Велес, на 1 км пред наплатна станица Сопот има одрон на крајот на левата коловозна лента. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. Се препорачува внимателно возење.

Според известување од компанијата Геинг, за изработка на проектна документација за рехабилитација на патниот правец А1, делница Неготино – Демир Капија, се изведуваат теренски активности кои ќе се одвиваат од 16.06.2014 до 16.08.2014. Поради тоа поставена e соодветна вертикална сигнализација за времен режим на сообраќај. Работите се изведуваат од 07:00 до 18:00 часот.
На патниот правец Дренoво – Плетвар, во близина на каменоломот, во должина од 3 км, поради изведување на градежнo асфалтерски работи, сообраќајот се одвива наизменично, регулиран со семафори, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Градежните работи започнаа на 14.06.2014 и ќе траат во наредните 15 дена.
Од 16.06.2014 започна времениот режим на сообраќај, забрана за движење на тешки товарни моторни возила на подрачјето на Град Скопје. Забраната ќе важи во текот на денот и тоа од 10 часот до 20 часот, во периодот до 01.09.2014 година.
Оваа мерка се воведува со цел да се заштити коловозот од оштетувањaта предизвикани од големите осни оптоварувања на тешки товарни моторни возила, во услови на високи дневни температури во текот на летото.
Од ова решение се изземаат возилата кои превезуваат жива стока, лесно расиплива стока, хуманитарна помош, медицински препарати, комунални возила, возилата на ЈГП, превоз на експлозивни, запаливи и отровни материи, возила за превоз на градежни материјали (сиров бетон), како и градежна оператива кои вршат градежни работи на градилиштата за Општините во Скопје, Град Скопје и Влада на РМ.
На регионалниот пат Пробиштип – Кратово поради појава на свлечиште на влез во Кратово, воведена е забрана за движење на автобуси и товарни моторни возила со тежина над 7,5 тони.
На патниот правец Радовиш – Конче (Р-2433), на 11-тиот километар, има свлечиште, поради што сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На овој патен правец е воведена забрана за движење на тешки товарни возила.
Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози.
АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, како што се патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
На магистралниот пат А2 од влезот до излезот на Кичево се изведува надградба на асфалтна подлога за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
На 23.05.2014 год. започнa изведба на градежни работи „Реконструкција и рехабилитација на патната секција Велес – Кадрифаково“ Фаза 2: од депонијата Велес до с. Лозово.
Патен правец Кичево – Охрид во близина на Ботун поради изведување на градежни работи на пат, сообраќајот се одвива наизменично регулиран со семафори за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
На патниот правец А-1 Гевгелија – Скопје од надвозникот кај клучка Велес до наплатната станица „Отовица“ се изведуваат работи на мостовите, за што е поставена соодветна вертикална сообраќајна и светлосна сигнализација, а сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента само по мостовите.
На патниот правец Фурка – Дојран, Р-1105, се изведуваат градежно-асфалтерски работи. Поставена е соодветна патна сигнализација. На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно возење, како и почитување на поставената патна сигнализација.
Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од Македонија.