Одржана јавна расправа и јавна презентација по Урбанистички план за изградба на интерконекторот со Грција

9

Денеска во просториите на Министерството за транспорт и врски се оддржа Јавната расправа по Урбанистички план за подрачја и градби од државно значење за интерконективен гасовод Република Северна Македонија – Република Грција.

Целта на оваа јавна расправа беше да се запозне широката јавност за планираната траса на интерконетивниот гасовод што ќе не поврзе со Република Грција, на која расправа имаше претставници од инвеститорот – Национални Енергетски Ресурси, планерите и проектантите на трасата и преставници од Министерството за транспорт и врски.

Претходно Урбанистичкиот план за изградба на интерконективниот гасовод беше јавно достапен за увид на широката јавност и јавно презентиран во електронска форма на веб страните на Министерството за транспорт и врски, општините Неготино, Демир Капија, Богданци и Гевгелија и во хартиена форма во просториите на гореспомнатите институции.

На крајот на овој месец, односно на 28.09.2022 во просториите на Министерството за транспорт и врски ќе се одржи и стручна расправа со јавна презентација на Урбанистичкиот план.

Владата и ресорните министерства остануваат посветени на изградба на гасоводоната мрежа во Република Северна Македонија со цел алтернативно снабдување со гас и економски развој на земјата, се вели во соопштението до медиумите.