Оглас за користење на средства наменети за земјоделските стопанства

18

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството денеска објави оглас за користење средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој наменети за земјоделските стопанства.

Средствата се предвидени за основање и функционирање на земјоделски задруги регистрирани во Регистарот на земјоделски задруги и за организирање на информативни и промотивни активности за земјоделски производи. Средствата се наменети и за помош за премии за осигурување во вид на надоместок на дел од трошоците за осигурување во висина не поголема од 70% од трошокот за осигурување на производните капацитети на земјоделска задруга од мал обем и 80% за осигурување на производните капацитети на земјоделска задруга од голем обем, но не повеќе од 3.000.000 денари на годишно ниво.

“Финансиската поддршка се доделува во износ од 100% од вкупно прифатливите трошоци за спроведување на предвидените активности во програма за работа на земјоделската задруга и може, по барање на корисникот, да се додели на две рати“, стои во соопштението на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството.

Доделената финансиска поддршка е неповратна, а крајниот рок за доставување на барањата е седми ноември. Барањата доставени по предвидениот рок, нема да бидат разгледувани.