Оглас за вработување во Исланд: Летајте бесплатно и раскажете за тоа

31

o-WOW-AIR-facebookАвиокомпанија од Исланд, WOW Air, којашто е специјализирана за евтини летови, објави интересен оглас за вработување, пишува Icelandmonitor.

Според огласот, се бараат четири лица кои ова лето ќе патуваат со нив по светот и своите искуства ќе ги споделуваат на Snapchat.

Авиокомпанијата на патниците ќе им овозможи бесплатно да летаат на 28 дестинации, меѓу кои Барселона, Копенхаген, Варшава, Сан Франциско и други, во временски период од јуни до август. Престојот во градовите ќе трае од три до осум дена.

Освен тоа што сите трошоци ќе бидат подмирени од страна на WOW Air, патниците ќе добијат и дополнителен џепарлак за индивидуални трошоци. Покрај авантуристички дух и желба за патување, кандидатите треба да се постари од 18 години, одлично да го зборуваат англискиот јазик и да бидат во добра физичка и ментална кондиција.

Авиокомпанијата веќе има примено многу апликации, а победниците ќе бидат објавени на 17-ти мај. За пријавување потребно е да снимите и Snapchat приказна не подолга од две минути и да ја пратите со лични податоци најдоцна до осми мај.