Oгромни прозори, камери, специјални седишта – поглед во капсулата за патување во вселената

227

Непосредно пред тест летањето на ракетата New Shepard на американската компанија Blue Origin, сите заинтересирани за туризам во вселената може да ѕирнат во внатрешноста на капсулата со која туристите ќе бидат превезени.

Ракетите New Shepard и New Glenn ќе полетаат идната година.

Тест-летот беше извршен во вторник со пренос во живо, а гледачите имаа можност да ја погледнат внатрешноста на капсулата во која ќе може да се сместат шест патници кои ќе имаат неверојатен поглед на Земјата.

Огромни прозорци, специјални седишта и камери кои ќе го сочуваат споменот за летот се дел од возбудата што ја нуди компанијата на најбогатиот човек во светот, Џеф Безос.