Охридска банка со нето добивка од 128 милиони денари во 2012 година

18

ohridska bankaНа годишното Собрание на Акционери на Охридска банка што се одржа денес, акционерите ги потврдија резултатите на банката за 2012 година и ги усвоија финансиските извештаи за годината.

Охридска банка манифестираше солидна отпорност во 2012 во предизвикувачко пазарно опкружување и објави нето добивка од 128 милиони денари, што е 3,5 пати повисока од резултатот во 2011 година.

Во 2012 година, Охридска банка постигна нови остварувања во согласност со поставените стратешки цели, забележа пораст на бизнисот и ја одржа активната поддршка на клиентите наспроти отежнатата пазарна средина. Притоа постигна континуиран долгорочен позитивен тренд на зголемување на кредитите за 16,0%, а на депозитите за 19,2%.

Порастот на кредити, депозити и на профитабилноста е значаен за Охридска банка, но исто така претставува значаен поттик за порастот на банкарскиот сектор во Македонија во време кога ефектите од светската криза се уште се присутни.

Билансот на состојба на Охридска банка со 31.12.2012 година изнесува 27 милијарди денари, што и овозможи на банката да ја потврди и зајакне позицијата на четврта голема банка во Македонија.

Кредитите од меѓународни финансиски институции значително се зголемија со 10% учество во вкупните извори на средства, што придонесува за понатамошна диверзификација на структурата на изворите на банката.

“Ние сме посветени на одржување на ова подобрено ниво на финансиските перформанси со истовремено зголемување на нашето пазарно учество на среден рок. Во тек се проекти од суштинско значење што ќе ни помогнат во постигнувањето на нашата мисија: реализација на планираното репозиционирање во Скопје со ново седиште во главниот град; реструктуирање и оптимизација на мрежата на експозитури; понатамошно подобрување на трошоците на Банката и управување со системите на контрола и внимателно управување со ризиците”, подвлече Јитка Пантучкова, Претседател на Управен одбор на Охридска банка.