ОИЛКО КДА го зголеми својот удел во Макпетрол на над 25%

Акционерот ОИЛКО КДА – Скопје го зголеми својот удел во Макпетрол АД Скопје, откако се стекна со дополнителни 229 обични акции, соопшти компанијата преку Македонската берза.

Со оваа трансакција, ОИЛКО КДА сега поседува вкупно 28.187 обични акции, што претставува 25,08% од вкупниот број издадени акции на енергетската компанија Макпетрол.

“Согласно членот 38 точка 1 од Правилата за котација на Македонската берза АД Скопје, известуваме дека, акционерот ОИЛКО КДА – Скопје, се стекна со 229 обични акции од издавачот Макпетрол АД Скопје и во моментов поседува вкупно 28 187 обични акции, што претставува 25,08 % од вкупниот број на акции издадени од Макпетрол АД Скопје“.