
Компанијата ОИЛКО КДА – Скопје го зголеми својот сопственички удел во „Макпетрол“ АД Скопје, покажува известувањето објавено на Македонската берза.
Согласно член 38 точка 1 од Правилата за котација на Македонската берза, компанијата ОИЛКО КДА – Скопје ја информира јавноста дека се стекнала со 256 обични акции од издавачот Макпетрол АД – Скопје.
Со оваа трансакција, ОИЛКО КДА сега поседува вкупно 29.890 обични акции, што претставува 26,60% од вкупниот број издадени акции на Макпетрол АД – Скопје.
Акцијата на Макпетрол се тргува по просечна цена од 116.400,60 денари.











