
Компанијата ОИЛКО КДА Скопје ќе започне со исплата на дивиденда на своите акционери денеска, во вкупен бруто-износ од 141.543.000 денари, што изнесува 600 денари по акција, информираат од компанијата преку Македонска берза.
ОИЛКО КДА Скопје, со седиште на ул.10 бр.152 Миладиновци, согласно
Одлуката за плаќање на дивиденда по Годишната сметка на Друштвото за
2024 година бр. 0201-35/2-3, донесена на 20-тата седница на Собранието на
Акционери на Оилко КДА Скопје, одржана на 21.05.2025 година, објавува дека
на ден 26.08.2025 година, започнува со исплата на дивиденда во бруто износ
од 141.543.000 денари, односно во бруто износ од 600 денари по акција.














