Околу 2.000 турски хотели на продажба

80

Околу 2.000 хотели и други туристички објекти во Турција се ставени на продажба преку онлајн платформа, информираат турските медиуми.

Вкупно 86 нови огласи за продажба на хотелите во Турција се поставени на платформата за електронска трговија, Sahibinden.com во првите два дена од 2021 година.

Во текот на минатата година, околу 13 милиони странски туристи ја посетиле Турција, што е најниска бројка од 2001-ва година. За оваа година се очекуваат околу 25 милиони туристи, што е пониско ниво од 2016-та година, кога туристичката индустрија на земјата се борела за опстанок по терористичките напади и обидот за воен пуч.

Во текот на 2019-та година се регистрирани 45 милиони странски туристи, што на земјата ѝ донеле приходи во висина од 34,5 милијарди долари. Загубата на приходите во текот на 2020 година најверојатно ќе бидат повисоки од 20 милијарди долари.

Доколку поради пандемијата, Турција не ја отвори туристичката сезона во април, тоа ќе значи сериозен предизвик за нејзината економија.

Фото: Freepik