Околу 5.500 туристички водичи останаа без работа во Хрватска

32

Корона кризата предизвика многу проблеми особено во туристичкиот сектор. Според проценките, во Хрватска без работа останаа околу 5.500 туристички водичи, пренесува ХРТ.

“Околу 60% од нив работат како поединци, некои сезонски, а некои во текот на целата година, а некои работат на основа на друг доход. Значи, имаат своја работа и во слободно време, кога можат, работат како туристички водичи“, вели Кристина Нуиќ Прка, претседателка на Здружение на туристички водичи на Хрватска.

Како ќе изгледа ситуацијата кога во вакви услови ќе дојдат туристи, според нејзе, сè уште не се знае.

“Искрено, јас како туристички водич, не знам како ќе изгледа група од, на пример, 30 лица кои ќе мора да ги одвоите еден од друг, но знаеме дека може ќе мора повеќе да го користиме аудио системот“, додава таа.

Фото: Pixabay