Окта: Подобрена продажба водена од значителното остварување на странскиот пазар и одржаниот висок домашен пазарен удел

22

Окта ја обележа 2018 година со подобрување на продажбата, главно поттикната од значителното зголемување на продажбата на странскиот пазар, додека успешно го одржа високиот домашен пазарен удел, стои во соопштението на компанијата, објавено на Македонска берза.

Од друга страна пак, повисоките дисконти кои се резултат на промените во структурата на плаќање имаа негативно влијание врз профитабилноста, кое беше делумно неутрализирано преку континуираното оптимизирање на трошоците. Сепак, покрај сите предизвици со кои се соочи Окта во текот на 2018 година, успеа да истрае во конкурентното пазарно окружување и да биде еден од двигателите на економијата овозможувајќи непрекинато снабдување со гориво за сите сектори, а со тоа останувајќи главен снабдувач на гориво во земјата.

Прилагодената ЕБИТДА во 2018 година достигна 357 милиони денари, што заостанува зад 556 милиони денари во 2017 година, главно поради повисоките дисконти произлезени од веќе споменатите причини, чиј ефект беше делумно неутрализиран од гореспоменатото континуираното оптимизирање на трошоците.

Приходите од продажба достигнаа 27.514 милиони денари, што е повисоко во споредба со истиот период од минатата година (23.100 милиони денари). Прилагодената добивка пред оданочување во 2018 година, не земајќи ги предвид еднократните неоперативни трошоци (185 милиони денари), изнесува 83 милиони денари, што е пониско во споредба со 345 милиони денари остварени во истиот период минатата година. Тоа главно се должи на веќе споменатиот ефект од повисоките дисконти кои се резултат на промените во структурата на плаќање, што во одредена мера беше неутрализиран од позитивниот ефект од оптимизација на трошоците.

Четвртиот квартал на 2018 година, оствари загуба пред оданочување од 60 милиони денари, не земајќи ги предвид претходно споменатите еднократните неоперативни трошоци, главо поради различниот ефект од движењето на цените на горивото на светските пазари, што резултираше со значително негативно влијание врз вредност на залихата во 2018 година во износ од 79,6 милиони денари, наспроти прилично позитивниот ефектот од минатата година од 53,6 милион денари.

Ликвидноста, како резултат на промените во структурата и динамиката на плаќања, останува на рекордно високо ниво, што на компанијата и обезбеди да ги извршува своите оперативни активности без притоа да ги употреби кредитните линии кои ги има на располагање.