Омилено хоби додека трае карантинот поради коронавирусот

181

Апелите на здравствените власти да се остане дома, за многу жители на Турција значи навраќање на стара традиција, а тоа е подготовка на домашен месен леб. Како што пишува агенцијата Анадолија, ваквиот тренд предизвика пораст на продажбата и на брашно и на квасец.

Правењето домашен леб може да ги направи овие промени:

Домашното е почисто

“Поради пандемијата, ние не можеме да излегуваме надвор. Вообичаено, би купила леб од пекарата, но сега го правиме дома. Јас дури си купив машина за месење домашен леб“, вели Ѓокче Кучук, која живее во Анкара и која вели дека повеќе не верува во квалитетот на лебот од пекарите, поради хигиенските услови.

Зголемена побарувачка за брашно

Побарувачката за брашно во Европа бележи голем раст откако беше прогласена пандемија од коронавиусот. Колку што се ширеше брзо вирусот, така растеше и побарувачката за брашно и производи од брашно, како што се тестенините.

“Во Турција намалената потрошувачка на брашно, по затворање на рестораните и кафулињата, беше избалансирана со зголемената продажба во продавниците“, вели Ерен Гунхан, претседател на Меѓународната асоцијација на мелничари во Евроазија.

Зголемена побарувачка и за квасец

И квасецот забележува поголема побарувачка три недели по ред. Во исто време, побарувачката за квасец од страна на пекарите што произведуваат леб за хотели и ресторани, бележи намалување.

Инаку, Турција има 550 мелници за брашно, чиј годишен производен капацитет е 30 милиони тони. Земјата годишно троши околу 160 килограми брашно по лице, што е меѓу најголемите потрошувачи на оваа важна суровина.

Фото: Pixabay