OН: Само 47% од жените во светот работат

24

Помалку од половина од жените се на пазарот на трудот на глобално ниво, што покажува дека родовите разлики се сменија многу малку во последните 25 години, објавија Обединетите нации. Според извештајот на World’s Women 2020, 47% од работоспособните жени имаат работа, наспроти 74% од мажите.

Процентот на жени на пазарот на трудот е уште помал во Јужна и Западна Азија и Северна Африка, каде што работат помалку од 30% од жените.

Пандемијата на коронавирус, најверојатно дополнително ќе ја влоши статистиката.

Економскиот потенцијал на жените е дополнително ограничен со неплатена домашна работа, на која тие трошат три пати повеќе на ден од мажите.

Жените заземаат 28% од менаџерските позиции и 18 % од директорските позиции на глобално ниво, се вели во извештајот.

“Напредокот кон еднаква распределба на моќта и еднаквоста на жените останува недостижен. Ниту една земја не постигна полова еднаквост, а кризата Ковид-19 се заканува да го уништи ограничениот напредок што е постигнат“, рече генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш.

Фото: Pixabay