Онлајн полиса за регистрација на возило од Еуролинк Осигурување

29

registacija_avtomobil_750x415px

Од денеска, со Еуролинк можете да купите полиса за регистрација на вашето возило брзо и едноставно, преку веб страницата на Еуролинк осигурување. На сите на кои им е потребна полиса за регистрација на возилото, односно полиса за осигурување од автомобилска одговорност, тоа може да го направат онлајн преку веб страницата www.eurolink.com.mk. Единствен услов е возилото да е веќе регистрирано во базата на Националното биро за осигурување, односно да има полиса без разлика од која осигурителна компанија, стои во соопштението.

Еуролинк осигурување на своите клиенти им овозможува, со купената онлајн полиса за регистрација на возило, да одберат и да го осигураат своето возило од дополнителни ризици – кршење на стакло, осигурување од незгода, а исто така можат да купат и Зелена карта, којашто ќе им биде доставена.

Како дополнителна предност при онлајн купување, Еуролинк осигурување им овозможува на своите клиенти плаќањето да биде со кредитна картичка во готово или на рати.

Цената на полисите за осигурување од автомобилска одговорност е утврдена со закон и зависи од јачината на моторот на возилото. Kупената полиса за автомобилска одговорност клиентот ја добива во електронска форма на својата мејл адреса и со отпечатување на примероците може да го регистрира своето возило.

Техничкото решение на Онлајн полисата за регистрација на возила за веб страницата и мобилната апликација на Еуролинк го изработи компанијата за развој на софтвер Аспект – Скопје.