Онлајн шопинг – кој колку троши?

61

Глобалната потрошувачка при онлајн шопинг од година во година е во постојан пораст, а она што е интересно е дека социјалните медиуми имаат големо влијание врз одлуките, дури 87%.

Кога станува збор за одделни земји, Велика Британија бележи најголем пораст во онлајн шопинг (15,6%), втора е Кина (13,8%), трета е Норвешка (11,5%), Финска е по неа со (10,8%) и Јужна Кореја (10,5%).

Иако телефоните и таблетите најчесто служат за разгледување на онлајн понудите, купувањето најчесто се прави преку компјутер.

Земји кои оствариле најголеми приходи по глава жител од онлајн купување се: САД 1.804 долари, Велика Британија 1.629 долари, Шведска 1.446, Франција 1.228 и Германија 1.064 долари.

Мажите купуваат почесто онлајн (барем еднаш неделно), но кога станува збор за шопинг најмалку еднаш месечно или годишно жените водат со значително поголем процент од мажите 40%.

Најголем процент од онлајн купувачите, 41%, “пазарат“ барем еднаш месечно, а старосната група на оние најактивните е од 18 до 29 години.

Најпродавани производи на овој начин се модните парчиња, електроника, патувања, музика, книги и едукативни курсеви.

Фото: Pexels