Онлајн трговијата “завладеа“ со светот

61

Онлајн купувањето ги надмина сите други облици на потрошувачка во изминатиот период. Повеќе од половина од купувачите во Европа (57%) изјавиле дека повеќе од било кога купувале онлајн, а забележан е и рекорден број на пријави на виртуелни искуства, како што се домашен фитнес, пријавување на онлајн страници за филмови, телевизиско и онлајн учење во услови на пандемија.

Компанијата Mastercard спроведе истражување во 15 земји и на примерок од 12.500 лица, во мај, откри дека секој трет Европеец (30%) трошат повеќе пари на онлајн искуства, две од три лица (58%) гледаат онлајн телевизија или филмови, повеќе од една четвртина (26%) присуствуваат на виртуелни вежби, додека 24% виртуелно посетуваат музеи и други содржини.

Според податоците, 28% од испитаниците направиле онлајн донација во текот на месецот.

Двајца од пет Европејци користат онлајн банкарство, 28% купуваат лекови онлајн, додека 31% учат да готват преку онлајн курсеви, а 10% учат да програмираат.

Навиките за онлајн купување, според истражувањето, се пресликуваат и во реалниот живот, па четири од пет корисници или 81% се типични деталисти кои со часови пребаруваат различни страници за да ја најдат најдобрата понуда.

“Сите се прилагодуваме на новиот начин на живот и разбирливо дека повеќе се купува онлајн, но не се работи само за основните животни намирници, туку и виртуелни искуства, филмови и фитнес. Тешките времиња можат да го извлечат најдоброто од нас и може да пронајдеме утеха и задоволство во пораст на онлајн донациите и огромниот број на лица кои учат своите активности да ги извршуваат онлајн“, вели Марк Барнет, претседател на MasterCard за пазарите во Европа.

Фото: Pixabay