Опасно е да ја оставате заштитната маска за лице на ретровизорот

161
DEKRA Mund-Nasen-Schutz am Innenspiegel

Пандемијата ни наметна нови навики што подразбираат поголема заштита заради сопственото и здравјето на другите околу нас. Но, во последните неколку месеци е забележан еден малку чуден, но и опасен тренд – оставање на заштитната маска за лице на ретровизорот во автомобилот.

За некои возачи тоа е практично, бидејќи нема да ја заборават маската ако мораат да излезат од автомобилот за да појдат на бензинска станица, во продавница, аптека…

Но, германски научници тврдат дека е опасен овој помалку бизарен тренд.

“Дури и релативно мал приврзок за ретровизори како што се врвки, освежувачи на воздух по наше мислење се опасни“, смета Питер Ракер од центарот за истражување Dekra, додавајќи дека тоа важи и за заштитните маски за лице.

Проблемот, како што се наведува, не е само во тоа што се намалува видното поле, туку и поради тоа што му го одвлекуваат вниманието на возачот.

“Бидејќи на ретровизорот секогаш има некој предмет што виси, возачите се навикнуваат на постојано движење на работ на видното поле. Како последица на тоа , возачите имаат потешкотии да ги следат останатите учесници во сообраќајот, како што се други возила, велосипедисти или пешаци“, додава тој.

Важно е да се напомене и фактот за тоа дека ваквото чување на заштитната маска не е хигиенско и потенцијална опасност за ширење на заразата во возилото.

Фото: Dekra.com