OpenAI излегува на берза во САД, проценетата вредност изнесува 852 милијарди долари

Американската компанија OpenAI подготвува доверливо поднесување за почетна јавна понуда (IPO) во Соединетите Американски Држави, објави Ројтерс, повикувајќи се на извори запознаени со плановите на технолошката фирма.

Компанијата, позната по развојот на четботот Chat GPT, би можела да излезе на берза во САД веќе во септември, а според најновите проценки, нејзината вредност е околу 852 милијарди долари. OpenAI работи со инвестициските банки Goldman Sachs и Morgan Stanley за подготовка на проспект за IPO, кој наскоро треба да биде доставен до американските регулатори. Ројтерс потсетува дека плановите за излегување на берза дојдоа откако OpenAI ја спречи тужбата на американскиот милијардер Илон Маск, во моментот кога се очекува да бидат доставени и документите за IPO на компанијата Spacex.

Компанијата предводена од Сем Алтман би можела да излезе на берза и да достигне пазарна вредност од дури еден трилион долари и да собере капитал од најмалку 60 милијарди долари. OpenAI собра 122 милијарди долари финансирање претходно оваа година, што се смета за најголема инвестициска рунда во историјата на Силиконската долина.

„Чет ГПТ“ има повеќе од 900 милиони активни корисници неделно и повеќе од 50 милиони претплатници, соопшти компанијата, бидејќи се соочува со зголемена конкуренција од компании како „Гугл“ и „Антропик“.