Орданоски потпретседател на БЕРЕК

37

Директорот на Агенцијата за електронски комуникации Роберт Орданоски е избран за потпретседател на Телото на европските регулатори на Европската комисија (БЕРЕК). Од вкупно девет гласа од земјите кои се дел од БЕРЕК, како набљудувачи, директорот на АЕК освои пет гласа со што е избран за потпретседател за 2014 година.

Разгледана е и иницијативата која АЕК неодамна ја има поднесено за усогласување на меѓународниот роаминг на Република Македонија со меѓународниот роаминг на членките на Европската унија.

Иницијативата доби позитивно мислење од генералниот директор на Директоратот за комуникациски мрежи, содржина и технологија на Европската комисија, Роберт Маделин, кој смета дека се работи за квалитетна и полезна и ги охрабри и останатите земји, кои се кандидати за членки на Европската унија, да ја прифатат.