Органски пат – мобилна апликација за органска храна

50

organskipat

Фото: Организација на потрошувачи на Македонија

Апликацијата Органски е развиена од Организацијата на потрошувачи на Македонија, во партнерство со Асоцијацијата за развојни иницијативи Зенит од Скопје и Здружението на агро – новинари Медиа плус од Скопје.

Станува збор за апликација што на корисниците им овозможува да дознаат каде во нивна близина може да набават или да консумираат органска храна. Преку Органски пат ќе може да се врши пребарување, контактирање и планирање посета на производителите на органска храна во Македонија, како и ресторани, продавници, сместувачки или туристички објекти што нудат органска храна. Апликацијата дава одговор на прашањето што е тоа органска храна и како може да се препознае, да се открие зошто овој вид на храна е добра за зачувување на здравјето и за животната средина.

Изработката на оваа апликација е финансиски поддржана од проектот Преминете на органско – потрошувачите во центарот на земјоделската политика, што е финансиран од Европската унија, како и од проектот Органски пат – побезбедна и одржлива храна за сите што е дел од глобалната кампања Green Action Week за промоција на одржлива потрошувачка. Зелената акциска недела е иницијатива на Swedish Society for Nature Conservation и се спроведува во координација со Consumers International.