Основана нова авиокомпанија во регионот

122

Сопствениците на нафтениот гигант Hifa Oil д.о.о. Тешањ основале нов деловен субјект под името Euro Fly. Новата авиокомпанија има седиште во Сараево, пишува Klix.ba.

Како што може да се види на регистерот на деловни субјекти во БиХ, како основач се води Изудин Ахметлиќ, а 10.000 конвертибилни марки односно околу 5.000 евра се запишани како почетен капитал.

Во регистрацијата на новиот деловен субјект наведено е и името на директорот Харис Чоломан, кој истата функција ја извршуваше во компанијата FlyBosnia. Чоломан претходно работеше за авиокомпанијата Sky Bosnia, Bosnia Wand Airlines и Bosnia Wings.
Изудин Ахметлиќ е познат како сопственик на Hifa Oil, а има компании во десетина држави. Неговата компанија во Австрија покрива 10% од нафтениот пазар, а исто така се најде и на листата на најбогати на Forbes.

Фото: Pixabay