Оставете ги празните муабети, науката предлага поинаков пристап

134

Наместо да го губите времето со празни и незначајни разговори, науката предлага креативни прашања, што ќе дадат смисла на времето поминато со одредена личност.

Прашања што навистина ќе го откријат човекот зад зборовите и ќе придонесат за градење на квалитетни врски на приватен и професионален план.

Што е она најважното што треба да го знам за вас?

Која емоција ве плаши најмногу?

Кога би можеле да го направите тоа што најмногу го сакате вечерва (без разлика каде и колку чини) што би било тоа и зошто?

Доколку сте во можност да ја знаете апсолутната вистина за одредено прашање, кое би било тоа?

Кога последен пат сте доживеале вистински неуспех? 

Што повеќе цените, интелигенцијата или здравиот разум?

Која е најважната лекција што сте ја научиле од некој ваш непријател?

Ако не спиете како би ги искористиле тие екстра часови? 

Доколку треба да одберете некој лик од книга, филм, ТВ шоу, што е најсличен на вас, кој би бил тоа и зошто?

Колку се разликува вашата работа денес од она што сакавте да го правите како дете?

И уште неколку важни совети во врска со значајната и квалитетна комуникација…

Строго држете се настрана од прашања поврзани со политика, религија, физички изглед, возраст и сите оние осетливи теми што можат да го навредат соговорникот и да испратат лоши сигнали за вас.

Фото: Pixabay