Отфрлена жалбата на Nike пред Европскиот суд

16

Европскиот суд ја отфрли жалбата на американскиот производител на спортска опрема, Nike, за истрага во којашто Европската комисија настојува да утврди дали даночните власти во Холандија обезбедиле предност во однос на конкуренцијата.

Американскиот производител на спортска опрема се жалел на одлуката на Комисијата од 2019 година за започнување истрага за пет решенија на холандската даночна управа што се издадени од 2006-та година. Даночната управа со тие решенија одобрила пресметка на камата што две компании на Nike во Холандија си ја плаќале една на друга за користење на интелектуална сопственост.

ЕК оцени дека тоа е однапред договорено и поради тоа неоправдано е намалена даночната основа за компанијата.

Фото: Pixabay