Откажана аукцијата на државни хартии од вредност

16

investicii_251110Закажаната аукција на државни хартии од вредност која требаше да се одржи денес е откажана, известуваат од Министерството за финансии.

Аукцијата е откажана со цел да се излезе во пресрет на бизнис заедницата и да се подигне ликвидноста на стопанството, секогаш кога ќе има простор за тоа.

Во соопштението се додава дека Министерството за финансии и Владата на Република Македонија остануваат посветени на поддршка на стопанството во време на европска економска криза.

Следната календарски закажана аукција е на 02 јули.