Отворен најдолгиот тунел во светот

54

mПо 17 години напорна работа под швајцарските Алпи, светот го доби најдолгиот тунел – Gotthard Base Tunnel, пишува CNN. Свеченото отворање се случи вчера на кое учествуваа 600 актери со танчерски точки, огномет и разни други перформанси. Тунелот е долг 57 километри, односно за три километри подолг од тунелот Seikan во северна Јапонија, со што го става 50,5 километарскиот Channel тунел помеѓу Велика Британија и Франција на трето место.

Длабочината на Gotthard Base Tunnel изнесува 2.300 метри, а истиот ќе заштеди еден час патување помеѓу Цирих и Милано. Возовите што ќе поминуваат низ него ќе достигнуваат брзина до 250 километри на час, а дневно ќе сообраќаат до 260 воза, од кои 65 патнички.

Зад изградбата на овој грандиозен тунел стои компанијата AlpTransit Gotthard, а за да бидат целосно завршени сите градежни работи биле потребни вкупно 2.600 работници од кои 2.400 биле ангажирани одеднаш. Проектот чини вкупно 12 милијарди долари.

yyoop