Отворена апликацијата за пролетната програма на Professional Fellows во Чикаго

14

ЦЕЕД Македонија и ЦЕЕД Хаб Скопје и следната година ќе ја продолжат соработката со WorldChicago, преку којашто во 2018 година осум млади профисионалци од Македонија учествуваа на програмата Professional Fellows in Tech Innovation and Entrepreneurship.

Преку неа учесниците имаа можност да престојуваат четири недели во Чикаго, каде одблизу се запознаваа со иновациите и претприемничката средина во aмериканскиот град.

Во моментов е отворен новиот повик за учесници во оваа програма и тоа за групата којашто ќе оди во Чикаго следната пролет.

Рокот за пријавување е до 30-ти ноември годинава.

Самата апликација, како и повеќе детали за програмата и условите за аплицирање сите заинтересирани можат да најдат тука,а за повеќе информации за програмата, условите за аплицирање како и самата апликација обратете се на следниот мејл:  atrpovska@ceed-macedonia.org.