Отворена деветтата Coca – Cola Активна зона во Радовиш

35

coca-cola-zona-radovis-8

Вчера и официјално беше пуштена во употреба Coca – Cola Активната зона и во Радовиш, што е дел од големиот проект на Coca – Cola компанијата и Пивара Скопје, стои во соопштението.

Активната зона во Радовиш е претпоследната од вкупно 10 предвидени за 2016 и 2017 година, коишто Пивара Скопје и компанијата Coca – Cola ги подаруваат на повеќе општини низ Македонија како дел од нивната глобална платформа, чија цел е промоција на активниот начин на живот и вложување во заедницата воопшто.

“Секојдневно ни пристигнуваат барања за отворање на активни зони од повеќе градови низ Републиката, што се само уште еден показател за успешноста на овој проект. Благодарение на Coca – Cola Активните зони голем број граѓани кои имаа желба, сега имаат и можност бесплатно да се рекреираат и да го поттикнуваат својот спортски дух. Оваа активна зона што ја отвораме во Општина Радовиш дополнително ја потврдува нашата цел да им овозможиме на што поголем број граѓани да имаат свое место за спорт и рекреација. Ние како компании секако дека ќе излеземе во пресрет и на останатите општини и веќе од следната година ќе продолжиме со донирање на активните зони, сѐ додека не ја покриеме целата земја. Токму затоа, остануваме посветени на нашата мисија, а тоа е вистински да ја поттикнеме спортската култура и дополнително ги мотивираме граѓаните на активен и динамичен начин на живот“, рече Ламбро Патче, директор за односи со јавност и комуникации на Пивара Скопје.

Инаку досега, Пивара Скопје и компанијата Coca – Cola донираа вакви спортски зони во општините Гази Баба во Скопје, Охрид, Струмица, Прилеп, Тетово, Куманово, Штип и Гостивар, а по отворањето на зоната во Радовиш, останува уште една предвидена за 2017 година, со што се заокружува втората година од долгорочниот проект наречен Coca – Cola Активни зони.

“Сакам да изразам голема благодарност до Пивара Скопје и компанијата Coca – Cola што донираа Coca – Cola Активна зона и овозможија и нашата општина да биде дел од овој убав и голем проект, со што искрено покажаа дека и жителите на помалите градови заслужуваат да добијат место каде ќе можат бесплатно да спортуваат и се рекреираат. Истовремено, би сакал да упатам апел до моите сограѓани дека оваa спортска зона која го краси нашиот град е сега нивна, па треба совесно и одговорно да се однесуваат кон неа, како кон своја“, изјави Сашко Николов, градоначалник на Општина Радовиш.

Coca – Cola Активната зона во Радовиш е поставена на Кеј 8-ми септември, локација којашто е достапна за сите жители на овој град, а како и останатите, и оваа Активна зона е опремена од шест најсовремени фитнес справи што се за слободна употреба на сите граѓани 24 часа.

Инаку, како дел од оваа платформа покрај 10-те Coca – Cola Активни зони, беше реализиран и Coca –  Cola фудбалскиот куп, а беа донирани и повеќе бесплатни паркиралишта за велосипеди, со цел поттикнување на велосипедската култура.