Отворена најголемата вертикална градина во Европа

50

Како што расте популацијата на градовите, иноваторите бараат нови начини за одгледување храна, со помалку потрошувачка на ресурси како земја и вода. Едно од решенијата што се воведуваат низ целиот свет се вертикални фарми каде земјоделските култури се произведуваат на неколку нивоа, најчесто во контролирана средина.

Најголемата во Европа, беше отворена во главниот град на Данска, Копенхаген. Таму индустриската сала беше претворена во простор за вертикално одгледување зелена салата, билки и кељ. Зеленчукот ќе се одгледува на 14 етажи кои се протегаат од под до покрив, а планот е да се берат 15 пати годишно.

Овој систем зафаќа помалку простор во споредба со традиционалното одгледување, а растенијата ќе растат со помош на LED светло. Вертикалната фарма зафаќа 7.000 квадратни метри.

Оваа фарма е резултат на соработката помеѓу Nordic Harvest и тајванската групација YesHealth и ќе има за цел годишно производство на 1.000 тони зеленчук.

Фото: YesHealth Group