Отворени денови на НЛБ Нов пензиски фонд

25

nlbОд денеска до 9 јули во експозитурите на НЛБ Тутунска банка граѓаните ќе може да се информираат за предностите и за нивните права и обврски произлезени од пензиската реформа во Задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување (втор столб). Ова го овозможува едукативната кампања Отворени денови на НЛБ Нов пензиски фонд што почна да се реализира низ Македонија.

Давор Вукадиновиќ, претседател на Управниот одбор на НЛБ Нов пензиски фонд, информира дека задолжителните пензиски фондови имаат над 330.000 членови и средства во висина од над 23 милијарди денари или 380 милиони евра, што претставува 5% од БДП.

“Доброволните пензиски фондови денес имаат повеќе од 17.000 членови и управуваат со средства во висина од 230 милиони денари”, рече Вукадиновиќ и додаде дека очекува преку оваа кампања да се зголеми свесноста на населението за пензиската реформа и за сите предности што ги нуди.