Ова е новиот најбогат Кинез

150

Основачот на Alibaba, Џек Ма се симна на 21-во место на најбогати луѓе на светот на листата на Forbes, бидејќи го престигна Ма Хуатенг.

Хуатенг, познат како Пони Ма, според процена на Forbes, поседува богатство од 38,8 милијарди долари, додека Џек Ма има 37,3 милијарди долари.

За светската јавност е помалку познат, но Хуатенг доаѓа од онлајн индустријата и претседава со кинескиот интернет гигант Tencent Holdings, кој според пазарниот удел се сместува меѓу најголемите корпорации во земјата, а основан е во 1989 година.

Популарната апликација на Tencent, WeChat има повеќе од милијарда корисници, а акциите на Tencent Music, сервис за емитување музика, се излистани на њујоршката берза од декември 2018 година.

Фото: Printscreen