Ова се 10-те технолошки вештини што ќе бидат најбарани следната година

164

Покрај зголемената побарувачка за вработени со напредни технолошки вештини, голем е бројот на компании што вложуваат повеќе ресурси во регрутирање, вработување и задржување на вистински таленти со цел да се задржи позицијата во глобалната конкуренција, пишува CNBC.

Платформата Udemy for business направи анализа на податоци на повеќе од 40 милиони корисници, па утврди дека ова се најбараните вештини:

Python – програмски јазик што се користи во развој на софтвер, управување со инфраструктура и анализа на податоци,

React (web) – JavaScript библиотека за создавање кориснички интерфејс,

Angular – интернет рамка со отворен код базиран на JavaScript,

Машинско учење – научно истражување на алгоритми и статистички модели,

Docker – платформа со отворен код што се користи за изработка на софтверски пакети што се нарекуваат резервоари,

Django – бесплатна и отворена мрежна рамка базирана на Python,

CompTIA – професионална технолошка организација што има четири серии на ИТ сертификати, од почетничко до ниво на експерт,

Amazon AWS – сертификат што потврдува ниво на стручност во облак,

Длабинско учење – машинско учење засновано на вештачка мрежа од неврони и

React native – отворена рамка за мобилни апликации создадена од страна на Facebook за развој на апликации за Android, iOS, Web и универзални платформи за Windows.

Фото: Pixabay