Овие богаташи нема да им остават ниту “денар“ на своите деца

83

Голем е бројот на богаташи кои располагаат со астрономски износи на своите сметки, но се убедени дека не треба нивните деца само да го наследат богатството без да ја научат вредноста на парите. Дел од нив основаат хуманитарни фондации, инвестираат во недвижнини, хартии од вредност, дел се луксузираат…, а ова се дел од нив кои не им го оставаат богатството на децата “здраво за готово“.

Бил Гејтс – основачот на Microsoft е еден од најбогатите луѓе во светот, но тој и неговата сопруга не планираат целото богатство да го задржат за себе или да им го препуштат на своите три деца. Тие уште во 1994 година ја основаа фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, како и програмата The Giving pledge, што повикува и други богаташи да донираат.

Џеки Чен – актерот во една прилика изјави дека половина од заработеното богатство ќе биде донирано по неговата смрт.

Ворен Бафет – филантропот Бафет е веќе препознатлив како дарежлив и тој дал ветување дека 99% од неговото богатство ќе го донира.

Фото: Pixabay