Овие земји се најмногу зависни од туризмот

49

Туризмот претрпе огромни загуби од пандемијата на коронавирусот, а овој сектор што минатата година имаше рекорден раст, сега е на “колена“ поради откажаниот или намалениот број на патувања во светот.

Според Visualcapitalist, 44 земји во светот се најмногу зависни од туризмот, а како критериум се зема процентот од вкупната работна сила на земјата што е вработена во овој сектор.

Можеби никогаш не сте чуле, но Антигва и Барбуда (остров на Карипското море) се најдоа на врвот на оваа листа. Од популација од 97.900 жители, дури 91% се вработени во туризмот.

На листата се најдоа и земји од регионот. Па така, 22-ра е Црна Гора, каде 33% од жителите се ангажирани во овој сектор. Хрватска е четири места подолу. Во оваа земја, од 4.105.000 жители, 25% или 383.400 се вработени во секторот туризам. Во Албанија, 22% од жителите работат во туризмот. Исто толкав е и процентот на Грција, каде што од 10,4 милиони жители, 846.200 се вработени во туризмот.

Врз основа на тоа колкаво е учеството на туризмот во бруто домашниот производ (БДП) на земјата, лидер на таа листа е Мексико со 15,5%. Меѓу земјите коишто имаат најголеми приливи од туризмот се и: Шпанија (14,3%), Италија (13%), Турција (11,3%) и Кина (11,3%).

Фото: Freepik