Пад на цените на индустриските производи на домашен пазар во октомври

10

Продажните цени на производители на индустриски производи на домашниот пазар, во октомври оваа година, се пониски за 0,1% на месечно и 4,4% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во октомври 2015, во споредба со септември 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Капитални производи за 0,6%, Енергија за 0,2% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,1%.

Во октомври 2015, во споредба со октомври 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија за 11%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,8% и Интермедијарни производи, освен енергија за 0,5%.