Пад на индустриското производство во Германија во април

15

Недостигот на чипови, дрво и останати репроматеријали го забавија индустриското производство во Германија во април, покажуваат официјалните податоци.

Производството во април се намали за 1% во споредба со март кога според ревидираните податоци се зголеми за 2,2%.

Најголем пад забележа градежниот сектор и тоа за 4,3%, а остар пад има и производството на производи за широка потрошувачка за 3,3%.

“Производството е благо намалено во април, по растот во април, а причина за тоа е падот на понудата на репроматеријали“, наведуваат од тамошното министерство за енергетика.

Фото: Freepik