Пад од 0,9% на индустриското производство во април

18

Индустриското производство во април оваа година, во однос на истиот период лани, бележи намалување од 0,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во април 2015 година, во однос на април 2014 година, бележи опаѓање од 5,3%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1,1%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 10,1%.

Според главните индустриски групи, производството во април 2015 година, во однос на април 2014 година, бележи пораст кај Енергија за 5,9%, Капитални производи за 9% и Трајни производи за широка потрошувачка за 8,9%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,7% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,7%.

Индустриското производство во периодот јануари – април 2015 година, во однос на периодот јануари – април 2014 година, бележи пораст од 0,8%.