Пакомак донираше нови контејнери за селективно собирање пластика и лименки во општина Кичево

3

image-f0a1d94c5823c7b99a3c14026e4a36981d5d3bdee44937100073066b82ce7132-V

Соработката на компанијата Пакомак со единиците на локална самоуправа низ Македонија продолжува со донација на нови жолти контејнери за селективно собирање на амбалажниот отпад во општина Кичево.

“Подобрената инфраструктура и можност за селективно фрлање отпад е основа за да се има почит град. Сега во нашиот град, имаме можност да го одлагаме отпадот од пакување на над 40 локации. Секако улогата на граѓаните и нивната еколошка свест не е помала. Но сепак сите заедно треба да придонесуваме за да имаме поубав и почист град, во кој и понатаму ќе сакаат да живеаат нашите деца“, смета градоначалникот на Кичево.

“Пакомак и понатаму ќе продолжи со инвестиции во комунална инфраструктура во општината, како и во другите градови низ републикава, особено таму каде уште нема доволно контејнери за комунален отпад, ниту пак за селективно собирање. Наша цел е, се разбира во соработка со локалната самоуправа, таа слика да се смени и на различни локации за почеток да има барем по еден до два контејнери за амбалажен отпад, пред се ПЕТ пластична амбалажа , хартија и лименки., како и да се обезбедат специјализирани возила кои ќе ги опслужуваат. Амбалажниот отпад учествува со 70% во волуменот на вкупниот отпад кој го фрлаат граѓаните. Тука е важна и улогата на граѓаните, кои треба да дадат свој личен придонес, односно  во одделна кеса да ги собираат пластичните шишиња, лименки и хартија и да ги фрлаат во посебен контејнер, најчесто  жолт и син. Со тоа сите ние заеднички придонесуваме да имаме почиста земја, правејќи заштеда на природните ресурси, енергија и почва”, изјави Филип Ивановски, директор на Пакомак.

Пакомак е најпосветениот колективен систем за управување со отпад од пакување во земјава, преку чиј систем поминува околу 40.000 тони амбалажен отпад годишно, од кој дел се рециклира, во земјава или во странство. Над 630 компании се членови во системот на Пакомак, и тоа пред се тоа се општествено одговорни деловни субјекти, кои покажуваат принципиелност во поглед на зачувувањето на животната средина.

“Минатата година над 9.000 тони амбалажен отпад кој не заврши на депониии беше однесен на преработка и рециклирање. Оваа година се планира да се собере и рециклира 15% повеќе од минатата година, а за да се задржи растот, неопходна е поголема поддршка од општините, институциите и пред се од граѓаните, кои во нивните домови со селективно собирање на амбалажниот отпад одделно од останатиот, ќе дадат свој придонес“, сметаат од Пакомак.