Палминото масло на овие земји им носи милијарди долари

46

Палминото масло, што се користи во исхрана, козметика и како биогориво, минатата година достигна извоз во висина од 23,2 милијарди долари. Тоа претставува пад од 24,7% во споредба со 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Меѓу 15-те најголеми извозници, лидер е Индонезија со 44,8% удел во вкупниот извоз или заработка од 10,4 милијарди долари.

Во првите пет најголеми извозници на палмино масло лани беа и: Малезија (8,3 милијарди долари), Холандија (една милијарда долари), Папуа Нова Гвинеја (423,7 милиони долари) и Колумбија (402,8 милиони долари).

Фото: Freepik