Паметна канта во борба против фрлање на храната

81

Winnow Vision, старт – ап од Велика Британија, направи паметна канта за отпадоци којашто има задача да го намали фрлањето на храна, пишува Independent.

Кантата користи камера и паметни мерачи за да одреди каков тип на храна се фрла најчесто, со цел да им помогне на рестораните да заштедат пари и да придонесат за поздрава животна средина.

Во првичните фази при учење на различниот тип на храна свој удел имаше и персоналот од рестораните, но системот со вештачка интелигенција веќе успешно функционира самостојно. Вакви паметни канти има инсталирано во 23 продавници на Ikea во Ирска и Велика Британија, како и во повеќе хотели и ресторани во светот.

Досега вкупно се тестирани 75 канти, а стартапот планира уште стотици инсталации.

Фото: Winnow