Паметните часовници поопасни од мобилните телефони за возачите

36

Скоро секој Американец денес има мобилен телефон, а истражувањата покажуваат дека скоро секој шести користи и паметен часовник. За следните години се прогнозира пазарот на паметни часовници да биде околу две третини од вкупната продажба на сите уреди што може да се носат.

Колку се корисни, но колку може да бидат опасни паметни часовници при возење, покажуваат повеќе истражувања. Едно од нив е изработено во Канада и тоа во симулатор за возење. На учесниците во студијата им бил праќања известувања на паметниот часовник додека тие биле во симулаторот за возење, а во исто време се следело како возачите реагираат на нив и како тоа влијае врз безбедноста во сообраќајот.

Податоците од студијата покажуваат дека возачите го вртат погледот од патот за да го проверат паметниот часовник. Во исто време, добивале и пораки на мобилниот телефон и гласовни пораки преку звучник. Додека биле во симулаторот, испитаниците помалку му обрнувале внимание на мобилниот телефон, а најмалку внимание им одвлекувале говорните пораки.

Студијата, исто така, покажува дека возачите се најмалку фокусирани на сообраќајот кога ќе добијат некакво известување на паметниот часовник.

Фото: Freepik