Пандемијата ја намали потрошувачката на струја

44

Откако почна интензивно да се шири пандемијата во Европа, кон средината на март оваа година, земјите членки на  Европската Унија воведоа карантин. Тоа подразбираше затворање на фабрики, училишта, ресторани, хотели и голем број луѓе останаа во своите домови.

Мерките почнаа да се разлабавуваат на крајот на април и на почетокот на мај, поради што податоците на Eurostat покажуваат намалена потрошувачка на електрична енергија кај сите земји. Вкупната потрошувачка во мај оваа година на ниво на ЕУ беше за 10,5% пониска одошто во истиот месец меѓу 2016 и 2019 година.

Земји во коишто има најголем пад на потрошувачката на струја се: Шпанија и Полска (-13,7% во споредба со мај 2019 година), Словенија (-13,4%), Хрватска (-11,9%), Романија (-11,8%) и Португалија (-11,6%).

Интересен е фактот што во пет земји членки месечната потрошувачка за електрична енергија во април и мај годинава никогаш не била пониска во тие месеци во годините од 2016 до 2019-та, а тие се: (Бугарија, Данска, Естонија, Малта и Шведска).

Фото: Freepik