Пандемијата ја зголеми побарувачката на вотка и виски во Русија

130

Русите во последните неколку недели, откако изби пандемијата на коронавирусот, ја зголемија потрошувачката на алкохолни пијалаци, пишува Reuters.

Во последната недела од март, побарувачката на вотка меѓу најголемите трговски ланци во Русија е зголемена за 31%, додека потрошувачката на виски порасна за 47%, а за пиво 25%.

Рускиот претседател, Владимир Путин, април го прогласи за неработен месец на ниво на целата земја. Голем број компании од Русија им овозможуваат на вработените да работат од дома, некои добија неплатен одмор, додека други се соочуваат со намалување на платите.

Фото: Pixabay