Пандемијата поттикна нов тренд – венчавка во воздух

30

Многу двојки кои сакаа својата љубов оваа година да ја крунисаат со брак се најдоа на мака поради пандемијата, но има авиокомпанија што им нуди решение.

Станува збор за компанијата Air Charter Service, којашто за своите клиенти воведе Wedding in the Sky, пакет што вклучува венчавка за време на лет.

Компанијата прима резервации за мали венчавки што се организираат во приватен авион, а двојките можат со истиот авион да отпатуваат и на меден месец.

Двојките кои ќе се одлучат за ваква венчавка, имаат на располагање храна и пијалаци, може да летаат сами и со ограничен број на гости. Целото задоволство ќе ги чини околу 28.000 долари со околу 16 гости. Компанијата понуди и поевтина опција од 18.000 долари, што подразбира венчавка без гости.

Air Charter Service е компанија што пред пандемијата организираше околу 23.000 чартер летови годишно.

Фото: Facebook