Пандемијата за 49% го намали уделот на туризмот во глобалниот БДП

25

Секторите туризам и патувања во 2020 година, поради пандемијата и ограничување на патувањата, го намалиле својот удел во глобалниот бруто домашен производ за 49% во однос на 2019-та година, на околу 4.700 милијарди долари, покажува Светскиот совет за патувања и туризам.

Советот во своето истражување истакнува дека во тој сектор поради пандемија во светот лани се изгубени скоро 62 милиони работни места или 18,5% од вкупниот број, а уште милиони работни места “висат на конец“.

“Многу земји преземаат мерки и актвности за отворање на туризмот, а оптимизам носи и вакцинирањето, но мора да се забрза темпото за да забрза и закрепнувањето. Веруваме дека тоа во целост ќе го постигнат земјите што нудат сигурност и јасен протокол за патувања, а закпренувањето може да се постигне и со комбинација од одмор со носење маски и подобрување на здравствената и хигиенска заштита како дополна на вакцините“, сметаат од советот.

Според нивната ранг листа на 20 земји што се најголеми туристички пазари во светот, САД и Кина годинава ја задржаа својата позиција што ја имаа и пред пандемијата. Па така, САД се број еден во светот за туризам и патувања, а Кина е втора иако придонесот на тој сектор во БДП на двата пазари е намален во 2020 година, во САД за 41%, а во Кина за 60% во однос на 2019 година. Јапонија се проби од четврто на трето место, со пад на уделот за 37%, додека Германија од трето на четврто место имаше намалување на процентот од скоро 47%.

На петто место се најде Италија, која и покрај падот на придонесот во туристичкиот сектор од 51%, успеа да се искачи едно место повисоко од претходно.

Фото: Pexels