Пандемијата за богатите, според Гејтс, ќе заврши…

85

Бил Гејтс, еден од основачите на Microsoft, проценува дека пандемијата на коронавирусот за “богатиот свет“ ќе заврши на крајот на 2021 година, но за останатите ќе биде потребно повеќе време за закрепнување.

“Иновациите во дијагностика, терапии и вакцини се импресивни. Поради тоа, сметам дека во богатиот свет може да се оконча пандемијата до крајот на 2021 година, а за остатокот од светот до крајот на 2022 година“, вели Гејтс.

Тој финансира медицинско истражување и програма за вакцини преку фондацијата Bill and Melinda Gates. Свесен е дека пандемијата го врати светот неколку години наназад, кога станува збор за економскиот раст, но и за борбата против ХИВ и маларија.

Гејтс, исто така, го критикувал американскиот систем за тестирање на коронавирусот, како и начинот на којшто американскиот претседател, Доналд Трамп и неговата администрација се носат со ситуацијата.

Гејтс смета дека високиот број на случаи со Ковид-19 во САД се резултат на недоволното тестирање и следење на контактите, како непочитување на мерката за носење заштитни маски.

Фото: Facebook